По добиеното известување од ЕВН и Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информираме дека денес и утре без електрична енергија ќе остане дел од Општина Kисела Вода.
Без електрична енергија, денес, од 09:00 до 11:30 часот, ќе останат корисниците од ул. Борис Трајковски крак бр. 1 и бр. 7. и од 14:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Димо Хаџи Димов куќни броеви од бр. 40 до бр.68.
Утре, пак, вторник, без електрична енергија од 08:30 до 14:00 часот, ќе останат корисниците од ул.Петар Драпшин, куќни броеви: 1, 4, 5 и 7, од 08:30 до 14:00 часот, како и корисниците од дел од ул. Малешевска.
Како причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија, се наведуваат технички зафати во дистрибутивната електромрежа.
Извор: Општина Кисела Вода