spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВицепремиерот Арбен Фетаи зборува на Think Tank форумот во Тирана

Вицепремиерот Арбен Фетаи зборува на Think Tank форумот во Тирана

Вицепремиерот Арбен Фетаи учествуваше како панелист на Think Tank форумот Тирана 2024, што се одржа на 14 ноември во главниот град на Албанија.

Во својот говор, Фетаи ги истакна предизвиците со кои се соочува новата Влада, вклучувајќи го и наследениот институционален хаос, каде што постоеја плејада стратешки документи, но со слаба имплементација. Тој нагласи дека врз основа на Реформската агенда се дефинирани три главни приоритети: борба против криминалот и корупцијата, зголемување на транспарентноста на институциите и враќање на соработката со граѓанското општество.

Фетаи најави дека Владата подготвува нова законска рамка за создавање посилни услови во борбата против корупцијата. Тој спомена и одредени конкретни мерки за зголемување на транспарентноста, како што е донесувањето на законот со кој се овозможува слободен пристап на новинарите до податоците на Централниот регистар и стандардизацијата на официјалните веб-страници на сите министерства.

Фетаи ја истакна важноста од блиската соработка со граѓанскиот сектор, подвлекувајќи дека Владата има воспоставено редовни контакти со граѓанските организации, вклучително и директни средби со премиерот и членовите на кабинетот. Тој додаде дека меѓуресорското тело за борба против корупцијата сега ќе вклучува активен член од граѓанскиот сектор, со исти права и одговорности како и другите членови.

Владата во ноември ќе го објави огласот за избор на нови членови на Советот за соработка со граѓанскиот сектор, со што овој форум ќе се врати како важен мост меѓу власта и граѓанскиот сектор.

Фетаи заклучи нагласувајќи дека партнерството со граѓанското општество е клучен фактор за градење на добра и ефективна влада која им служи на интересите на граѓаните.

Извор: Влада

Прочитајте

Заменик претседателот Фетаи ја претставуваше Владата на на Регионалната конференција „GovTech“...

0
Заменик-претседателот Арбен Фетаи денеска учествуваше на регионалната конференција „GovTech“ во Тирана, покрај Премиерот на Република Албанија, г. Еди Рама и други претставници од земјите...