spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМОН: Приоритет е градење на квалитетен национален образовен систем

МОН: Приоритет е градење на квалитетен национален образовен систем

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири одржа серија средби и состаноци со раководителите од сите сектори во Министерството, со цел запознавање со тековното работење како и заедничко планирање и реализирање на натамошните активности.

Шаќири предочи дека Министерството ќе го води како прв човек на зедничкиот тим во кој очекува секој вработен, раководејќи се врз начелата на професионалност, стручност и мотивација, да даде целосен придонес.

“Со целото Министерство за образование и наука, во периодот што претстои, ќе продолжиме да го градиме националниот образовен систем како столб на општеството. Тоа е наш приоритет. Само преку квалитетно основно, средно и висoко образование како и натамошни вложувања во наука, можеме да ја оствариме целта за создавање подобро општество за сите“, нагласи министерот Шаќири.

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука 

Прочитајте