Министерот за здравство, д-р Беким Сали имаше работна средба со претставници на УНИЦЕФ, на која се дискутираше за тековните активности на УНИЦЕФ, со посебен осврт кон активностите на националниот стратешки план (NATIONAL SRATEGY PLAN – RCCE), но и за КОВИД-19, како и околу темите, кои се однесуваат на комуникацијата за вакцините против КОВИД-19.
Националниот стратешки план (RCCE) е составен од меѓународни и домашни експерти и тој покрива стратегии и активности кои имаат за цел поддршка на вакцинацијата, перцепцијата на опасноста, како и спречување на Ковид-19. Исто така, според овој план, се настојува детектирање на секундарното влијание на услугите од здравственото секојдневие, во образованието, туку и грижата кон децата и други социјални услуги, не заобиколувајќи го ни менталното здравје, насилството и економското влијание на семејниот живот.
Од УНИЦЕФ се обезбедени финансиски средства за поддршка на активности, кои се поврзани со подигнување на јавната свест и комуникацијата за вакцините. Од УНИЦЕФ, исто така, се обезбедени фондови за засилување на здравствениот систем, вклучувајќи ја телездравствената медицина и собирање податоци за влијанието на Ковид-19 кон менталното здравје.
Извор: Министерство за здравство