Продлабочување на соработката во областа на образованието меѓу двете земји, развојот на образовните системи преку размена на искуства и меѓуинституционално поврзување беше една од точките за кои се разговараше на првата заедничката седница меѓу владите на Северна Македонија и Република Бугарија, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Овие средби, додаде Шаќири се одлична шанса за надминување на предизвиците што моментално постојат меѓу нас како соседи и дополнително ќе дадат поттик за соработка помеѓу училиштата и високообразовните институции од двете земји.
„Науката, покрај образованието може да решава предизвици и проблеми, а со самото тоа и подобрување на условите за живот. Очекувам плодна соработка помеѓу научните работници од Северна Македонија и Бугарија, со што ќе дадеме пример за добрососедска соработка и успех во иднина“, додаде Шаќири, заблагодарувајќи се на бугарски колеги за гостопримството.