HomeПолитички партииЛевицаЛевица – Кисела Вода: Зошто општината ги брише видеата од преносот на...

Левица – Кисела Вода: Зошто општината ги брише видеата од преносот на седниците?

По барање на советничката група на Левица се обезбеди онлајн пренос на седниците на советот на општина Кисела Вода, но за жал локалната власт се обидува да ја заобиколи транспарентноста.

Третата седница иако беше пренесувана онлајн, наредниот ден снимката беше избришана од страната на општина Кисела Вода. Ние, како советничка група, реагиравме снимените седници во континуитет да се објавуваат на страната, за да бидат граѓаните соодветно информирани.

Ваквата досегашна пракса покажува дека силните ветувања пред камери за транспарентност од актуелната власт не го положија првичниот испит.

Оттука, нас како советници ни се наметнува прашањето:

– Дали актуелната општинска власт има намера да ја крои визијата за општина Кисела Вода тајно и нетранспарентно, без партиципација на граѓаните?

 

 

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...