HomeОпштиниЦентар: Отворен ден на граѓаните и градоначалникот Герасимовски

Центар: Отворен ден на граѓаните и градоначалникот Герасимовски

Новите градби, решенијата за легализација, инфраструктурата и јавната хигиена беа главните интереси на граѓаните на денешниот отворен ден со Горан Герасимовски, градоначалникот на Општина Центар.

Градоначалникот Герасимовски, заедно со раководителите на општинските служби, денес разговараше со жителите на општината кои му предложија решенија, но и ги побараа за оние проблеми со кои секојдневно се соочуваат.

„Овие отворени денови и лични средби со граѓаните стануваат моја пракса. Сметам дека на овој начин, во разговор со жителите, можам да добијам вистинска слика за случувањата во општината. Денеска со мене се и претставници од општинските служби, со кои ги ислушавме граѓаните и ги забележавме проблемите. Во следниот период ќе работиме на нивно решавање. Отворените денови во општината се и чекор напред кон зголемување на отчетноста и транспарентноста во нашата работа, воедно претставуваат и добра алатка за брзо и активно решавање на состојбите кои ги мачат центарци“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Општина Центар ги повикува сите жители кои се заинтересирани и сакаат да присуствуваат на идните отворени денови со градоначалникот, своето присуство да го најават со повик на телефонските броеви: 02 3203 682 и 075 219 173.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...