spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВМРО-ДПМНЕ и БЕСА се на ист став дека треба да има промени...

ВМРО-ДПМНЕ и БЕСА се на ист став дека треба да има промени во изборниот модел

Почитувани,

Би сакал да информирам дека денес како Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ остваривме средба со пратениците од Пратеничката група на БЕСА и остваривме средба со пратеникот Панчо Минов кој што е потписник на предложениот закон за една изборна единица.

Со колегите пратеници од БЕСА сме на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица додека ставот на БЕСА е дека три изборни единици. Со пратеникот Панчо Минов имаме заеднички став околу тоа дека една изборна единица би била успешен и репрезентативен модел за целата држава и за граѓаните со тоа што би се разговарало за изборниот праг кој што во моментов не е утврде, но главната заложба на сите средби е предложениот закон за измени во изборниот модел кој што во моментов се чува во фиоката на спикерот Талат Џафери да излезе и да почне со собраниска процедура и да имаме јавна дебата за истиот закон.

Предложените закони не треба да се кријат, треба да се дискутираат, а мнозинството пратеници ќе си одлучат кој закон смета дека е поволен и граѓаните ги претставува на најдобар можен начин во законодавниот дом.

 

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте