spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаВицепремиерот за европски прашања Маричиќ заедно со министерот за надворешни работи Османи...

Вицепремиерот за европски прашања Маричиќ заедно со министерот за надворешни работи Османи на средба со Клеман Бон

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ и министерот за надворешни работи, Бујар Османи за време на работната посета на Париз остварија средба со Клеман Бон, државен секретар за европски прашања во Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција, на почетокот на француското претседавање со Европската Унија.

Акцентот на разговорите беше ставен на европската иднина на Северна Македонија, во време на француско претседателство со Советот на Европската Унија и во таа насока за капацитетот на ова претседателство за напредок во нашите европски интеграции. Соговорниците се согласија дека Северна Македонија и Албанија треба да ги почнуваат преговорите за членство во Унијата, без одложувања.

На средбата соговорниците разменија мислења и за напредокот во реформите, неопходни за реализација на европската агенда, со посебен акцент на клучните области како што е владеењето на правото, борбата против корупција и организираниот криминал, а во согласност со новата Методологија за проширување на ЕУ, иницирана од Франција.

Франција останува силен поддржувач на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан, со јасно поставени стандарди, што е високо поставен на агендата во нејзиното претседавање со Унијата. Истовремено Франција ја поздравува и важната билатерална мисија која Република Северна Македонија ја започна со Република Бугарија, што говори и за сериозноста и посветеноста на двете земји за да се постигне напредок.

Имајќи ја предвид евидентната посветеност на Франција кон Западниот Балкан и европска иднина на овој регион, стана збор и за најавата за одржување Конференција за Западен Балкан во јуни, за време на француското претседателство со ЕУ, а меѓу другото, беше најавено и продлабочување на соработката, со цел економска интеграција на земјите на Регионот и потврдување на европската перспектива на Регионот.

Во рамки на посетата на Париз, вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи се сретнаа и со Изабел Думон, дипломатскиот советник за Континентална Европа и Турција на Претседателот на Франција, Емануел Макрон, а се сретнаа и со сенаторот Роберт Бадинтер, на кого му беше врачено симболично признание по повод 30 годишнината од независноста на Република Северна Македонија.

 

 

 

 

Извор: Секретаријат за европски прашања 

Прочитајте