spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат закон за поголеми плати на наставниците, лицемерие на...

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кочат закон за поголеми плати на наставниците, лицемерие на грбот на работниците

СДСМ ја зголеми двојно минималната плата, од 8,800 денари во време на ВМРО-ДПМНЕ на 18.000 денари.

СДСМ го цени и го вреднува трудот на работниците, вистински се грижи за зголемување на стандардот на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ и негови високи функционери како Трајко Славевски и Данела Арсовска жестоко се противеа на секое зголемување на минималната плата.

Додека ВМРО-ДПМНЕ како власт со години ја држеше минималната плата замрзната и ги дискриминираше работниците во одредени индустрии.

Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како РАЈ ЗА ЕВТИНА РАБОТНА СИЛА. Денес лицемерно кажуваат дека ја поддржуваат минималната плата.

Лицемерен е амандманот на ВМРО-ДПМНЕ за усогласување на платите во јавниот сектор а истата таа партија 10 месеци ги блокира законските измени со кои 4.700 наставници во основното и средно образование ќе добијат трајно вработување и поголеми плати за сите наставници.

Барањето на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е задоцнето, Владата веќе најави и кажа на економско -социјалниот совет дека дијалогот за усогласување на платите во јавниот сектор ќе следи, секое усогласување на платите во јавниот сектор ќе се одвива низ социјален дијалог.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк, да се обединиме во...

0
Почитувани, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски оствари средби со македонската дијаспора во Њујорк, САД. Присуствуваше на вечерната богослужба во чест на светите...