spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниИлинден: Изградба на колекторскиот систем во Миладиновци

Илинден: Изградба на колекторскиот систем во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски вчера направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри, кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место.

Вредноста на изградбата на колекторскиот систем за фекална канализација на овие 700 метри изнесува 1,200.000 денари. Со реализацијата на овој проект ќе се придонесе за подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните во Миладиновци, како и подобрување на заштитата на животната средина.

 

Пречистителната станица во Миладиновци е со капацитет за 1250 еквивалент жители, а со изградбата на оваа пречистителна станица се овозможува прочистување и третман на отпадните фекални води од сите домаќинства од населеното место Миладиновци.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

Прочитајте