spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Се поплочува тротоарот на булеварот „Климент Охридски“

Струмица: Се поплочува тротоарот на булеварот „Климент Охридски“

Општина Струмица продолжува со реализација на градежните активности. Деновиве се врши поплочување на тротоар со бехатон плочки на булеварот „Климент Охридски“ на потегот од „Здружение на возачи” до кружен тек и пред новата автобуска станица на површина од околу 1.100 метри квадратни.

По завршување на градежните работи на овие потези ќе се изврши обновување на дрворедите во соработка со ЈПКД „Комуналец“ Струмица.

Општина Стумица ќе ги презема сите мерки кои се во надлежност на општината за санкционирање на несовесните граѓани кои паркираат на тротоарите, бидејќи истите се наменети за пешаци, а не за возила.

 

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте

ДЗС: Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен, август 2024 година

0
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година,...