Општина Валандово ја започна исплатата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди во нашата општина за периодот 2020/21 година.
? Средствата се обезбедени со одлука на Владата од Резервите на државниот Буџет и истите имаат за цел да ја надоместат претрпената штета на нашите земјоделци од:
? град – јуни 2020 година
? слана – април 2021 година.
? Ќе бидат исплатени близу 37 милиони денари на 469 граѓани од општина Валандово, кои претрпеле штета од невремето во наведените два наврати.
Штетите се нанесени на земјоделски култури и на градежни објекти на физички и правни лица од општината.
? Заеднички се справуваме со предизвиците, си помагаме и продолжуваме кон нови цели.
Извор: Општина Валандово