spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВаландово: Исплата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди

Валандово: Исплата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди

Општина Валандово ја започна исплатата на средства за надомест на штети од елементарни непогоди во нашата општина за периодот 2020/21 година.

? Средствата се обезбедени со одлука на Владата од Резервите на државниот Буџет и истите имаат за цел да ја надоместат претрпената штета на нашите земјоделци од:
? град – јуни 2020 година
? слана – април 2021 година.

? Ќе бидат исплатени близу 37 милиони денари на 469 граѓани од општина Валандово, кои претрпеле штета од невремето во наведените два наврати.

Штетите се нанесени на земјоделски култури и на градежни објекти на физички и правни лица од општината.

? Заеднички се справуваме со предизвиците, си помагаме и продолжуваме кон нови цели.

 

 

 

 

Извор: Општина Валандово

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...