spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКочани: Промоција на завршена младинска акција на Локално ниво

Кочани: Промоција на завршена младинска акција на Локално ниво

На локацијата викана Локубија – Споменикот на слободата, беше промовирана завршената акција на локално ниво „Да го рaзубавиме просторот на Споменикот на слободата“. Присутни беа претставници од Македонски центар за граѓанско образование, Младински образовен форум, членови на Младински совет, ученици од основните и средните училишта и претставници од Општина Кочани.

Во процесот на идентификување и изборот на младинската акција учествуваа учениците од основните и средните училишта во Кочани и како дел од приоритетни активности го одредија разубавувањето на локалитетот на Споменикот на слободата и создавање на рекреативно место за младите во Кочани.

На истата локација вчера беа поставени нови клупи и корпи за отпадоци, кои дополнително го разубавија овој простор.

 

 

 

Извор: Општина Кочани

Прочитајте

Аеродром: Едукативна забава „Рециклирај, донирај, подобри“

0
Денеска во основното училиште „Александар Македонски“ под мотото „Рециклирај, донирај, подобри“ се одржа едукативна забава со цел да се мотивираат и анимираат учениците за активно учество и...