spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јануари...

ДЗС: Индекси на трошоците на животот и на цените на мало, јануари 2022 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јануари 2022 година, во
однос на претходниот месец, изнесува 101.5, а индексот на цените на мало изнесува 101.2.
Пораст на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај кафето, чајот, какаото за 4.3 %, рибата и морските плодови за 3.5 %, свежото и разладеното овошје за 3.4 %, пивото за 2.6 %, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 2.5 %, свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 2.1 %, виното за 1.7 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1.5 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 1.4 %, лебот и
житата, маслото и маснотиите за 1.2 %, жестоките пијалаци за 0.5 %.
Во јануари, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај централното греење за
домаќинствата за 14.0 %, електричната енергија за домаќинствата за 9.4 %, чистењето, поправката и изнајмувањето облека за 9.3 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 4.8 %, течните горива за домаќинствата за 3.3 %, поправките на апаратите за домаќинствата за 3.2 %, горивата и мазивата за сопствените
превозни средства за 2.3 %, другите услуги за опрема за сопствен превоз за 1.9 %, услугите за сместување за
1.8 %, домашните услуги и услугите за домаќинствата, моторните возила за 1.6 %, другите медицински производи
за 1.5 %, одржувањето и поправката на сопствените превозни средства за 1.4 %, гасот за домаќинствата за 1.2 %,
големите електрични апарати за домаќинствата, поправката на аудиовизуелната, фотографската и информатичката опрема, домашните миленици и сродните производи за 1.0 %, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, медицинските услуги за 0.9 %, поправките и изнајмувањето обувки за 0.8 %, мебелот и покуќнината, патниот патнички транспорт, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање за 0.7 %, игрите, играчките и хобијата за 0.6 %, услугите за одржување и поправки на живеалиштето, малите електрични апарати за домаќинствата за 0.5 %, теписите и другите подни покривки, фармацевтските производи, стоматолошките услуги за 0.4 %, актуелните ренти исплатени од станари, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за 0.3 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во јануари 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај воздухопловниот патнички транспорт за 8.4 %, медиумите за снимање за 4.2 %, обувките за 1.7 %, парамедицинските услуги за 1.2 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.9 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.7 %, туристичките аранжмани за 0.6 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено, книгите за 0.5 %, терапевтските помагала и опрема за 0.2 %.
Индексот на трошоците на животот во јануари 2022 година, во однос на јануари 2021 година, бележи зголемување од 6.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 7.3 %.

Прочитајте

МЗ: Средба со директорот на ФЗОМ – Разгледани можностите за проширување...

0
Министерот за здравство Арбен Таравари одржа состанок со директорот на Фондот за здравствено осигурување, д-р Александар Клековски, претставници на Фарамабренд-Нова (асоцијација на иновативни фармацевтски...