Eкипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта во текот на завчерашниот ден на булевар Свети Климент Охридски извршија обнова на флексибилни столпчиња на велопатеката, а на потегот од улицата Загребска до Детската клиника санираа ударни дупки.
На улиците Цветан Димов и Џон Кенеди во текот на вчерашниот ден се санираа бекатон плочи на тротоарите, а пред пешачкиот премин кај старата меѓуградска станица се подготвува теренот за поставување на сообраќајни знаци. На булевар Босна и Херцеговина во делот со улица Лазар Трповски се врши подготовка за семафорска инсталација, додека во општините Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставува вертикална сигнализација на повеќе улици и булевари.
Екипите на ЈП Улици и патишта континуирано детектираат и санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, а вршат и замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Извор: Град Скопје