spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Интензивна соработка меѓу градоначалниците и општините на двете земји

МЛС: Интензивна соработка меѓу градоначалниците и општините на двете земји

Изјави од двајцата министри: https://we.tl/t-mV1ccjMufh

 

Инсерти од фотографии: https://we.tl/t-DHJp1tp9JA

 

Кратко видео со инсерти и изјава Милевски 1 минута: https://we.tl/t-rHJMYOdQ09

 

СООПШТЕНИЕ

 

Милевски на средба со Караџов во Софија: Интензивна соработка меѓу градоначалниците и општините на двете земји

Деловник за работа на заедничката работна група за имплементација на меморандумот за соработка помеѓу министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија беше темата на средбата во Софија на министерот за локална самоуправа Горан Милевски со Гроздан Караџов, заменик министер-претседател на Република Бугарија и министер на регионален развој и јавни работи.

– Денеска го направивме иницијалниот состанок во пријателска атмосфера на кој го договоривме тимот за меѓусебна соработка, како и деловникот за работа по кој што ќе работи оваа заедничка комисија. Ние утврдивме дека минимум два пати годишно од двете страни на границата да имаме средби, преку тоа ќе ја интензивираме соработката помеѓу здруженијата на двете страни во Општините, рече Милевски.

 

Тој додаде дека според планот ќе се интензивираат соработките помеѓу двете земји, особено сите оние Општини кои што припаѓаат на регионот за Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Северна Македонија финансирана од ЕУ се со цел навремено да ги подготват нивните проекти за идниот период поточно за 2021-2027 година за претстојната ИПА 3 програма преку која максимално треба да се искористат проектите за развој на општините, а се во интерес на граѓаните од двете страни на границата.

 

– Граничниот премин Клепало е многу важен, така што од бугарска страна ветија дека ќе се интензивираат активностите за почеток на изработка на проектите и на реализацијата на градежните активности за отворање на овој граничен премин кој е важен за цела Источна Македонија, истакна Милевски.

 

Заедничката работна група (ЗРГ) ќе спроведува активности поврзани со спроведувањето на приоритетите од Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за регионален развој и јавни работи на Република Бугарија и Министерството за локална самоуправа на Република Северна Македонија.

– Важно е дека во блиска иднина ќе остваруваме средба на градоначалниците на Општините од двете страни на границите меѓу Бугарија така што тие ќе се запознаат подобро и со тоа да разменуваат искуства како подобро да ги менаџираат Општините. За тоа се надевам сите овие средби ќе придонесат за развој на проектот за граничниот премин Клепало каде што ние се активираме и со тоа ќе се оствари поголема соработка помеѓу граѓанскиот и бизнис секторот, појасни Караџов.

 

 

 

 

Извор: Министерство за  локална самоуправа

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев ја истакна силната волја за реформите во јавната...

0
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Н.Е. Анџела Агелер и Министерот за јавна администрација, Горан Минчев одржаа продуктивен состанок на кој ги истакнаa силните...