spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаУште 35 авганистански граѓани отпатуваа кон нивната трајна дестинација

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа кон нивната трајна дестинација

Хуманитарната акција за спасување на авганистански граѓани кои се под закана од талибанскиот режим се одвива со утврдениот план и во 2022 година. По привремениот престој во Северна Македонија, група цивили отпатува за Канада како нивно трајно одредиште. 35 – мината авганистански граѓани се вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“.

Службите на Владата, Министерството за внатрешни работи, Министерството за надворешни работи, Министерството за здравство и Црвениот крст како и досега, продолжуваат да даваат целосна поддршка на авганистанските граѓани коишто престојуваат во Скопје. Поддршката од страна на сите институции продолжува да се одвива со утврдената динамика и тоа сѐ до комплетирање на документацијата за траен престој во странска држава која ќе е нивно крајно одредиште.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...