spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeЈавен секторВодовод Скопје: Неделен преглед на теренски активности

Водовод Скопје: Неделен преглед на теренски активности

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, во периодот од 31 јануари до 6 февруари, 2022 покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.

Во овој период беа спроведени следните поголеми интервенции преку секторот Водовод:

– поправка на огрлица на ул. Крушопек,

– поправка на уличен дефект на бул. Видое Смилевски Бато кај Жито, ул. 376 бр.105, ул. Рокомија бр.44, ул. Сердарот бб, ул. 5 бр.3 Добри Дол, ул.  Жеглање бр.11, ул. Иван Манолев 57, село Глумово ул.1 бр.32, ул. Цветан  Димов 132, ул. Сава Михајлов 10/2а, ул. Томе Арсовски 49, Копаница бб, ул. Коста Абрашевиќ 59, ул. Љубо Петровиќ 14 и ул. Сава Михајлов 18/41,

– поправка на вентили во шахта на следните локации: ул. Панче Неделковски 69, ул. Ѓорѓи Димитров 38, ул.Серава 7/а,

– монтажа и замена на шибери на следните локации: ул. Перо Наков кај Детоил и ул. 1615 бб.

ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува посветено да работи на одржување на водоводната и канализационата мрежа во град Скопје, со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците.

 

 

 

 

Извор: Водовод и Канализација – Скопје

Прочитајте

МЛС: Перински – Владата продолжува да се фокусира на граѓаните и...

0
„Владата покажа дека локалната самоуправа ја препознава како еден од најважните столбови во државното уредување. Дадовме ветување дека ќе се насочиме кон поддршка на...