Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински оствари средба со Јаше Сефер, член на Управен одбор на ЈП Водовод и канализација – Скопје и Ерџан Селими, советник во Град Скопје.
Фокусот на разговорот на средбата беше насочен кон подобрување на услугите за граѓаните во Шуто Оризари. Во текот на разговорот се донесоа два заклучоци и тоа: разгледување на можноста за што побрзо отворање на пункт за наплата во Шуто Оризари, како и информирање на граѓаните за можноста за искористување на акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање која трае до 15.03.2022. Шуто Оризари ќе биде во фокусот на работа на претпријатието со цел доближување на институцијата и овозможување на олеснувања за граѓаните кои имаат потреба од тоа.
Сефер и Селими го изразија задоволството од отворената можност за соработка и овозможување на услови за подобрување на услугите за граѓаните на Шуто Оризари.
ЈП Водовод и канализација – Скопје продолжува да работи во служба на граѓаните во координација и соработка со сите засегнати страни.