spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаПоддршка во економскиот напредок на Северна Македонија

Поддршка во економскиот напредок на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со д-р Валтер Дефа, специјален советник за економски политики на премиерот, номиниран од Канцеларијата на Канцеларот на Сојузна Република Германија, кој беше присутен на состанокот заедно со амбасадорката на СР Германија, Анке Холштајн.

На состанокот се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и е посочено на големата и искрена поддршка од СР Германија на евроинтеграциските и на развојните процеси на нашата држава, коишто продолжуваат со цел напредок на Република Северна Македонија.

Споделен е впечатокот дека Владата на Република Северна Македонија има поставено цели и знае што сака да постигне на економски план и во таа насока се разменети мислења околу унапредувањето на имплементацијата на проектите.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за големото пријателство со СР Германија, кое што го оцени како значајно, како на полето на интеграциите, така и во областа на економијата.

„Фокусирани сме на решавање на енергетската ситуација, како и на социјалниот дијалог, преку којшто ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, а сега работиме и на планираното зголемување на пензиите. За нас како Влада е од клучно значење унапредување на животниот стандард на граѓаните. Развојот на економија се постигнува преку инвестициите и иновациите и исто така продолжуваме со структурните реформи и со посветеноста кон нивна ефикасна имплементација“, рече премиерот Ковачевски.

На средбата на премиерот Ковачевски и германскиот советник д-р Дефа е договорена интензивна комуникација и средби на коишто ќе се разгледуваат мерливи резултати од предвидените динамични активности.

 

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...