spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Продолжување на рокот за поднесување на обрасците ,,ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”,...

УЈП: Продолжување на рокот за поднесување на обрасците ,,ДБ”, “ДБ-ВП”, “ДБ-НП/ВП”, “ДЛД-ДБ” И ОБРАЗЕЦ “Б”

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците

до 10 март 2022 година за поднесоци во хартиена форма, односно до 25 март 2022 година за поднесоци во електронска форма.

Согласно одлуката на Централен регистар на РСМ за продолжување на рокот за поднесување годишна сметка за 2021 година, Управата за јавни приходи информира дека се продолжува рокот за поднесување на обрасците ,,ДБ”, ,,ДБ-ВП”, ,,ДБ-НП/ВП”, ,,ДЛД-ДБ” и ,,Б” чиј рок на поднесување е усогласен со рокот на поднесување на завршна сметка.

Воедно се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на исправки на образецот ДДВ-04 за даночните периоди од 2021 се продолжува до 25 март 2022 година.

Корисни информации:

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...