spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиДЗС: Природно движење на населението во Република Северна Македонија

ДЗС: Природно движење на населението во Република Северна Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2021 година, живородени се 5 015 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е зголемен за 12.4 %.

Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2021 година е 7 186, од кои 34 се умрени новороденчиња и бележи намалување од 23.9 % во споредба со истото тримесечје од 2020 година.

Природниот прираст е -2 171, односно за толку лица е помал бројот на живородените деца од  бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3.5 % во споредба со истиот период во 2020 година, односно склучени се 2 707 бракови.

За ова тримесечје се добиени 499 извештаи за разведените  бракови, што претставува намалување за 5.3 % во споредба со истото тримесечје во 2020 година.

 

 

 

 

 

 

Извор:  Државен завод за статистика 

 

Прочитајте