spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиОргани во составУЈП: Бесими и Лукаревска во посета на компании кои ќе исплатат повисока...

УЈП: Бесими и Лукаревска во посета на компании кои ќе исплатат повисока минимална плата

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска и Министерот за финансии Фатмир Бесими вчера ги посетија производствените капацитети на компаниите „ЈУ-КА” во Велес и „УКА Комерц” во Сарај. Овие компании во април ќе исплатат повисока мартовска плата во минимален износ од 18000 денари. И двете компании ја подржуваат и поздравуваат оваа мерка особено што нејзината реализација е помогната од државата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими изјави дека минималната плата од март ќе изнесува 18.000 денари за вработените и во приватниот и во јавниот сектор и со ова се покажува грижата на Владата за работниците и за подигнување на животниот стандард во земјата.

,,Дополнително ова се случува во услови на здравствена и енергетска криза, што уште појасно ја покажува нашата определба како Влада за раст на платите во земјава. Ова е системско решение, кое е во надлежност на Министерството за труд и социјална политика, а со кое преку утврдена методологија минималната плата ќе биде заштитена од инфлација и поврзана со порастот на продуктивноста на трудот. Државата има партнерски однос со стопанството и имајќи ја предвид целокупната тековна состојба, во Буџетот се издвоени 16 милиони евра за субвенционирање на делот на придонесите за зголемување на минималната плата”- истакна Бесими”.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска рече дека разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата, ќе ја исплаќа Министерството за труд и социјална политика.

,,Постапката е едноставна, односно работодавачот во месечната пресметка за интегрирана наплата за оние лица за коишто ќе бара обезбедување на финансиска помош од државата ги означува со посебна шифра на која што работиме во моментот во УЈП и благовремено ќе известиме за сите соодветни поединости. УЈП во рок од 30 дена после исплатената плата ќе доставува извештај од обработени податоци до МТСП од каде ќе се врши исплатата на финансиската помош на работодавачите. Финансиска помош ќе се исплати на оние работодавачи што ги исполнуваат следниве услови: работодавачот да не е ослободен од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување или данок на личен доход за вработеното лице со минимална плата; да има статус на активен обврзник, односно да не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење, и да ги има подмирено обврските по основ на плата, придонеси од задолжително социјално осигурување и даноци, заклучно со последниот ден од месецот за кој се обезбедува финансиската помош“. – истакна Лукаревска

Бесими и Лукаревска најавија продолжување на ваквите средби кои како што кажаа, преку нив се овозможува запознавање и следење на ефикасноста на мерките, како и нови идеи за поефикасни мерки во иднина за поддршка на стопанството и економијата воопшто во државата.

 

 

 

 

Извор: Управа за јавни приходи 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...