spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Јавен повик за финансиска поддршка на Здруженија на граѓани

Кисела Вода: Јавен повик за финансиска поддршка на Здруженија на граѓани

Во контекст на начелата за зајакнување на соработката со здруженија на граѓани и фондации кои со својата стручност учествуваат во развојот на општината, Општина Кисела Вода објави јавен повик за нивна финансиска поддршка. Локалната самоуправа ќе поддржи програми и проекти на здруженија на граѓани, поединци и институции кои обезбедуваат стимулирање и презентација на вредности и достигнувања од јавен интерес во различни области: култура, спорт, образование, социјала, екологија, здравство, млади, и различни видови активности за лица со посебни потреби на подрачјето на општина Кисела Вода.

 

 

Распределбата на средствата од општинскиот Буџет за 2022 година, наменети за финансирање на програмските активности на здруженија на граѓани, ќе се врши врз основа на Програмата за активностите и врз основа на критериумите и приоритетите дадени во објавениот повик. Јавниот повик кој е актуелен до 04.03.2022 година, како и и целата документација потребна за аплицирање, се објавени на општинската веб страница на следниот линк:

http://www.kiselavoda.gov.mk/index.php/component/content/article/2-uncategorised/3248-javenpovik1

Таму е дадена и задолжителната документација, како и критериумите преку кои ќе се врши селекција од апликантите.

Пријавите со целокупната документација се доставуваат по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. “Петар Дељан “ бр. 17, 1000 Скопје или во архивата на Општина Кисела Вода (со назнака – Сектор за месна самоуправа и социјална заштита – Пријава за јавен повик за доделување на финансиски средства на здруженија на граѓани и фондации и бројот на повикот). Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака ,, не отварај”. Пликот не смее да содржи никаква ознака која би можела да го идентификува понудувачот.

Пријавата се доставува во еден оригинален примерок, кој треба да биде потпишан и заверен од одговорното лице на кандидатот. Пријавите доставени по e-mail или факс нема да бидат разгледувани.

Прашања за појаснување може да се поставуваат писмено или по електронски пат до лицето за контакт: Ана Ѓуроска ana.gjuroska​@​kiselavoda.gov.mk 071/391-167.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода 

 

Прочитајте

МОН: Јаневска – Францускиот јазик е дел од нашата историја, но...

0
Македонија и Франција се две европски држави со заеднички стремеж кон јакнење на меѓусебната соработка, што континуирано се продлабочува во сите сфери од заемен...