Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити оствари средба и со претставник на Cyberglobe, значајна компанија која работи на решенија за заштита од криминални активности на социјалните медиуми и сајбер просторот во целиот свет.
Министерот Алити имаше продуктивна средба и со SIGA OT Solutions, компанија што работи за заштита на процесот на работа на институциите од критичната инфраструктура.
Извор: Министерство за информатичко општество и администрација