spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Средба на министерот Милевски со амбасадорот на Грција, Koundouros

МЛС: Средба на министерот Милевски со амбасадорот на Грција, Koundouros

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски оствари средба со амбасадорот на Грција во нашата држава, Roussos Koundouros.

На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји и меѓу општините.

 

На состанокот министерот Милески изрази задоволство од имплементацијата на ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Грција, во рамките на која во изминатиот програмски период 2014-2020 се одобрени 48 проекти кои се значајни за жителите од двете страни на границата.

Преку програмата за прекугранична соработка финансирана од ЕУ соработуваат општини, универзитети, граѓански организации и граѓани од пограничниот регион, а проектите имаат значително влијание на условите на живеење со опремување на здравствени установи со нови апарати, обезбедување на енергетска ефикасност на јавни објекти, опремување на детски градинки, подобрување на заштитата на животната средина и слично. Се разговараше и за напредокот на иницијативата за изградба на нов граничен премин во Преспа кај месноста Маркова Нога, како и за проектите за развој на Преспанскиот регион. Притоа уште еднаш беше афирмирано значењето на Преспанскиот договор и поддршката што Грција и ја дава на нашата земја за почеток на преговори за членство во Европската Унија.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте

МОН: Стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност

0
Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката национална програма за мобилност: (Slovak National Mobility Programme). Повикот...