spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЛС: Средба на министерот Милевски, со постојаниот претставник на Програмата за...

МЛС: Средба на министерот Милевски, со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Григорјан

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски на средбата со постојаниот претставник на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), Армен Григорјан разговараше за проектите што заеднички ги имплементираат Министерството и УНДП, како и за приоритетните активности за развој на локалната самоуправа во наредниот период.

 

Министерот Милевски истакна дека Министерството за локална самоуправа и УНДП имаат долгогодишна соработка која што во моментов се реализира преку Проектот за зајакнување на општинските совети, Проектот за подобрување на меѓуопштинската соработка, Проектот за зајакнување на локалната демократија и Проектот за поддршка на локалниот развој преку подготовка на проектна техничка документација за општините.

 

– Министерството за локална самоуправа во наредниот период сака да го забрза процесот на дигитализација на општинските услуги, но важно е на прашањето да му се пристапи на системски начин, со поддршка на централната власт и на донаторската заедница за што е потребна и поголема координација, рече Милевски.

 

Постојаниот претставник на УНДП, Армен Григорјан изрази подготвеност соработката да продолжи во сите приоритетни области.

 

-Информиран сум дека УНДП и Министерството имаат многу добра соработка во имплементација на заеднички проекти, соработката ќе продолжи зашто имаме динамично портфолио во зајакнување на капацитетите на општините за оддржлив развој, рече постојаниот претставник на УНДП Армен Григорјан, кој изрази подготвеност заедно со министерот Милевски да ги посетат општините во кои што се имплементираат проектите за да се осигура нивната одржливост и корисноста за граѓаните.

 

 

 

 

Извор: Министерство за локална самоуправа 

Прочитајте