HomeПолитички партииПовисоки пензии од 900 денари и дополнителни 3.000 денари за секој пензионер

Повисоки пензии од 900 денари и дополнителни 3.000 денари за секој пензионер

Владата предводена од СДСМ постојано презема мерки и политики што значат заштита и унапредување на животниот стандард на сите категории граѓани.

Постигнат е договор со Асоцијацијата на пензионерите за ново зголемување на пензиите и пакет финансиска помош за пензионерите.

Од септември, пензионерите ќе имаат покачување од 900 денари во просек или годишно 12.000 денари плус пари, што е рекордно зголемување на пензиите во историјата на државата.

Покрај новата методологијата за забрзан раст на пензиите, Владата обезбеди и пакет помош за секој пензионер од по 1.000 денари во месеците април, мај и јуни.

Тоа значи дополнителни 1.000 денари за околу 330.000 пензионери.

Претходно се постигна договор и за ново зголемување на минималната плата која веќе за овој месец ќе изнесува 18.000 денари.

Тоа ќе поттикне раст на сите плати, повисоки плати значат и поголеми придонеси и повеќе пари во пензискиот фонд за редовна и навремена исплата на пензиите.

Како одговорна партија, и во време на глобални кризи, СДСМ продолжува со реализација на мерките и политиките што го унапредуваат животниот стандард и обезбедуваат услови за забрзан економски раст.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Quick and Fresh

Прочитајте

Мицкоски: Остануваме цврсто определени кон европскиот пат, бараме принципи и нормално...

0
„Почитуван претседател на Европскиот совет, господине Кошта, Почитувани претставници на медиумите, Дозволете ми најнапред да му посакам добредојде на претседателот Кошта и искрено да му се...