HomeПолитички партииЛевицаСоветот на општина Делчево усвои програма за превенција на детско престапништво без...

Советот на општина Делчево усвои програма за превенција на детско престапништво без конкретни мерки

Програмата за превенција на детско престапништво која се најде на дневен ред на 6-тата седница на Совет на Општина Делчево, не предвидува конкретни мерки и активности за борба и превенција против детското престапништво кое што е во постојан пораст.

Од страна на советничката на Левица беа потенцирани недостатоците на програмата, меѓу кои: отсуство на временска и финансиска рамка за реализација, неможноста за пресметување на процентот на реализација според формулираноста на активностите, општи и произволно нафрлани насоки без да се направи анализа на ризик факторите кои треба да бидат основа за креирање на истата итн.

Безидејноста на одговорните и надлежните органи се огледа во предлагањето неефикасни решенија за општествените проблеми. Неквалитетните програми кои ги предлагаат и нивната индиферентност во пристапот за најосетливите теми во општеството, можат да резултираат само со неуспех на што им беше укажано. Занемарувајќи ги сериозните последици од несериозниот пристап кон ова прашање, Советот ја усвои оваа програма со 14 гласа ЗА и 1 ПРОТИВ.

 

Погледнете:

 

ЛЕВИЦА ??

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

petshopMona Vegera Forza KinderLend” style= IuteCredit Europcar Quick and Fresh

Прочитајте

Аеродром: Јавен повик за пријавување на штети од силното невреме

0
Општина Аеродром започнува постапка за обесштетување на граѓаните што претрпеа материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на Град Скопје на...