spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииЛевицаУставниот суд ја одби иницијативата на Левица за противзаконско исплаќање трошоци за...

Уставниот суд ја одби иницијативата на Левица за противзаконско исплаќање трошоци за патарина

Уставните судии повторно покажаа дека не дејствуваат во корист на граѓаните, демократијата и владеењето на правото. Имено, истите одлучија, воопшто да не поведат постапка по поднесена Иницијатива од страна на политичката партија Левица, со која се оспорува одлуката донесена од собраниска комисија за надоместокот на трошоци за патарина на пратениците. Со тоа тие, не го запреа противзаконско исплаќање на високи надоместоци на трошоци за патарина на пратениците.

Со ваквото свое дејствување, уставните судии дозволија работно тело на Собранието да може да воведува нови привилегии на пратениците, кои не се пропишани со закон, односно дозволија со комисиска одлука да може да се суброгира собраниски закон.

Дополнително, во овој контекст, се доведува во прашање легитимноста на одлуката на Претседателот на Уставниот суд да свикува седници на Уставниот суд, со оглед на фактот дека истиот работи со половичен состав и de facto само еден судија може да стави вето, што апсолутно не ја изразува интенцијата на уставотворецот, а воедно се доведува во прашање и кредибилитетот на Уставниот суд.

Ваквите континуирани, во најмала рака, сомнителни дејствувања ја наметнуваат потребата од заострување на критериумите за избор на уставните судии и соодветно дефинирање на флоскулата „истакнат правник“, со цел спречување на нејзина идна злоупотреба при избор на уставните судии, а сето тоа претставува и дел од програмската определба на Левица.

 

 

Извор: ЛЕВИЦА

Прочитајте