spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКарпош: Избира авто школа преку која се субвенционира обука на Возен испит

Карпош: Избира авто школа преку која се субвенционира обука на Возен испит

Општина Карпош завчера објави јавен оглас за избор на авто школа, која треба да организира полагање на теоретски и практичен дел од возачкиот испит, за млади лица кои се жители на локалната самоуправа. Огласот е објавен во денешниот број на дневните весници „Вечер и „Коха“.  Со оваа иницијатива, Општината го започна проектот „Субвенционирање на млади лица од Општина Карпош за обука на возачка дозвола“.

Со цел, спроведување на оваа активност која е дел од Програмата на Секторот за развој  при Општина Карпош за 2022 година, потребно е Општината да изврши избор на авто школа преку која младите лица ќе можат да полагаат и добиваат дозвола за возачки испит за Б категорија. Право на пријавување имаат сите заинтересирани правни лица, коишто се регистрирани во дејноста која ја опфаќа овој јавен повик.

Притоа, авто школите треба да исполнат неколку критериуми за учество на огласот, меѓу кои се наведува дека:

  • Авто школата треба да има лиценца за работа за оспособување на кандидатите за возачи за Б категорија;
  • Авто школата треба да има најмалку 8 (осум) возила во своја сопственост, или да има на располагање за оспособување на кандидатите за Б категорија;
  • Да има најмалку 8 (осум) реномирани возачи – инструктори со лиценца за оспособување на кандидати за возачи за Б категорија, вработени во авто школата или на располагање;
  • Авто школата треба да има канцеларија за прием на кандидати, како и училница за одржување на теоретска настава со сите нагледни средства според Закон, но не подалеку од 3км од седиштето на Општина Карпош (ул. Радика бр.9, 1000 Скопје).

 

Како најповолна понуда за избор на авто школа ќе биде земена в предвид онаа, која ќе понуди најниска цена за полагање на теоретскиот и практичниот дел, на кандидатите за возачи за Б категорија. Правните субјекти треба да ги достават потребните документи по пошта или во Архивата на Општина Карпош, во затворен плик на ул. Радика бр.9, барака 2,  со ознака “НЕ ОТВОРАЈ “.

Огласот трае десет (10) работни  дена од денот на објавување, односно до 21.03.2022 година. Отворањето на понудите ќе биде на 21.03.2022 година во 12 часот.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Карпош

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...