spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМТСП: Здружение на слепи лица од Штип: Здруженијата и невладините организации се...

МТСП: Здружение на слепи лица од Штип: Здруженијата и невладините организации се наши клучни партнери во спроведувањето на социјалните мерки

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во Штип го посети Здружението на слепи лица. На средбата претставниците на Здружението информираа за тековните предизвици со кои се соочуваат, за социјалните права кои ги користат и можностите како истите да се унапредат, за почитување на законите за правата на слепите лица и нивно подобрување. Тие укажаа дека социјалните мерки помагаат во подигнувањето на животниот стандард на оваа група на граѓани.

Според министерката Тренчевска, грижата за лицата со попреченост останува висок приоритет на Влада и на МТСП, бидејќи квалитетното живеење е подеднакво  важно и за овие граѓани во социјален ризик.

„Продолжуваме континуирано да се грижиме  за сите категории на граѓани со попреченост затоа што тие се наши сограѓани, соседи, наши пријатели. Во имплементирањето на новите  социјални услуги направени според специфичните потреби на граѓаните во секоја општина, клучни партнери ни се здруженијата и невладините организации. Со едукативно советодавни активности и со теренските увиди во домовите за рано детектирање на лица во социјални ризици, заедно работиме на подигање на свеста за социјалната превенција.

Нашата заложба е да создадеме општество без дискриминација, општество во кое сите граѓани да имаат еднаков пристап до сите ресурси и еднаков бенефит од нив“, рече Тренчевска.

 

Претседателот на Здружението на слепи лица од Штип, Драги Витанов, рече дека голем број на негови сограѓани имаат потреба, мерката лична асистенција да ја добиваат до длабока старост и за потребата од дом за слепи лица кои останале сами без ничија помош и грижа. Дел од членовите на Здружението за слепи лица го изразија своето задоволство од аудиочитачот за слепи лица.

Министерската Тренчевска порача дека апликацијата за слепите лица произлегла токму од потребата од вклучување на слепите лица во заедницата, во изминатата година МТСП го промовираше аудиочитачот „Кико“ на македонски јазик и „Хана“ на албански јазик, со кој на слепите лица и на лицата со оштетен вид им се овозможува пишаниот текст да го слушнат и разберат во аудио верзија. Освен слепите лица, производот го користат и лицата со потешкотии во учењето, лицата со дислексија и сите други кои информациите најдобро можат да ги разбираат во аудио формат.

На територијата на Општина Штип повеќе од 5.000 лица користат различни видови на социјална помош, гарантирана минимална помош, надоместок заради попреченост, приматели за помош и нега од друго лице, социјална сигурност на стари лица, детски додаток, образовен додаток. Овие мерки на лицата во социјален ризик им помагаат да се справат со сиромаштијата и социјалната исклученост, им помагаат за полесна интеграција во  општеството.

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...