spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЈавен повик за кандидирање на претседателки на Општинските комитети на Унија на...

Јавен повик за кандидирање на претседателки на Општинските комитети на Унија на жени

ЈАВЕН ПОВИК

За кандидирање на претседателки на Општинските комитети на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Штип, Прилеп, Дојран, Демир Капија, Битола, Аеродром, Илинден, Крива Паланка, Карбинци, Кочани, Кавадарци, Струга, Куманово, Ново Село, Ранковце, Дебар и Охрид

Врз основа на член 35 став 1 алинеа 11 и член 42 став 1 алинеа 5 од Статутот на ВМРО-ДПМНЕ, се објавува Јавен Повик за кандидирање претседателки на Општинските комитети на Унија на жени на ВМРО-ДМНЕ во следните општини: Штип, Прилеп, Дојран, Демир Капија, Битола, Аеродром, Илинден, Крива Паланка, Карбинци, Кочани, Кавадарци, Струга, Куманово, Ново Село, Ранковце, Дебар и Охрид.

Кандидатките за претседателки на УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ е потребно да достават биографија (CV) и мотивационо писмо во кое ќе ги образложат мотивите за кандидирање. Кандидатките за претседателки на УЖ на ОК на ВМРО-ДПМНЕ треба да се членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатите треба пополнетите материјали да ги достават најдоцна до 18.03.2022 година во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ (Плоштад ВМРО, Палата д-р Христо Татарчев бр.1) во Скопје, Република Македонија или преку електронска пошта на konkurs-uz@vmro-dpmne.org.mk.

ВМРО-ДМНЕ го задржува правото да ги провери податоците кои се доставени.

Сите кандидатки имаат еднакви шанси да бидат избрани. Се поттикнуваат да се кандидираат сите оние кои ги споделуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ, визијата за развој на Република Македонија како и оние кои се чувствуваат подготвени своето професионално знаење да го стават во функција на напредокот на државата.

 

Линк за биографија и апликација

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МЗ: Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита

0
Информираме дека Министерството за здравство, денеска почнува национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – Превенцијата е најдобра заштита“. Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО,...