spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМФ: Можности за продлабочување на економската соработка со САД, како главен стратешки...

МФ: Можности за продлабочување на економската соработка со САД, како главен стратешки партнер

Продлабочување на економската соработка со Соединетите Американски Држави, економските последици што би можеле да настанат како последица на руско-украинскиот конфликт, како и реализацијата на инфраструктурните проекти што се клучни за развојот на нашата држава, беа темите на кои министерот за финансии, Фатмир Бесими дискутираше со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз. Воедно, на средбата министерот информираше и за Законот за буџети чие носење од страна на пратениците е од есенцијално значење.

 

„Владата, како и досега, ќе се однесува максимално одговорно и во најдобар интерес за заштита на домашната економија и финансиската состојба на граѓаните. Внимателно го следиме развојот на настаните и развиваме соодветни сценарија за можни исходи“, рече министерот за финансии, Бесими.

Тој притоа ја информираше амбасадорката за сетот мерки што ќе се реализира во следниот период со цел подобрување на стандардот на населението и конкурентноста на домашната економија.

Министерот Бесими ја изрази својата благодарност до Владата на САД којашто постојано ѝ дава значајна поддршка на нашата Влада во спроведувањето на активностите насочени кон економски раст и стабилност како и кон зајакнување на демократските практики на институциите.

Амбасадорката Брнз му го честиташе на Бесими продолжувањето на мандатот како министер финансии и му посака успех во работата, а воедно ја потврди и заложбата за натамошна поддршка од страна на САД како стратешко партнерство. Амбасадорката порача дека владеењето на правото и борбата против корупцијата ќе бидат клучни фактори во подобрувањето на деловната клима и во остварувањето на стратешките цели за побрз, одржлив и инклузивен раст.

Соединетите Американски Државни се еден од најзначајните стратешки партнери на Република Северна Македонија. Одличните политички релации меѓу двете земји, во блиска иднина треба да поттикнат и попродлабочена економска соработка.

Воедно на средбата беше упатена благодарност за поддршката на РС Македонија, која како НАТО сојузник, се приклучи кон повикот за запирање на воените дејствија во Украина, што овозможува можности за зајакнување на идната соработка со САД.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за финансии

Прочитајте