spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Работен состанок со претставници на Агенцијата на САД за меѓународен развој

МИОА: Работен состанок со претставници на Агенцијата на САД за меѓународен развој

Градење и зајакнување на капацитетите за Сајбер безбедност беше тема на работниот состанок меѓу министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити со Маргарета Липковска-регионален менаџер за проекти на УСАИД.

 


На состанокот се разговараше и за утрешната агенда на работната група за сајбер безбедност во критичната инфраструктура, составена од претставници и на другите министерства, со оглед на тоа што МИОА е координатор на активностите за заштита на критичната национална инфраструктура во Северна Македонија.

Во таа смисла, на нашата земја и претстои долг пат и напорна работа, но ваквите проекти и активностите на работната група се позитивен почеток на тоа патување, е заклучокот од состанокот.

 

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација 
 

 

Прочитајте