spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиНАЕОП: Визионерска трансформација на образованието - 19 години АУЕ-ФОН

НАЕОП: Визионерска трансформација на образованието – 19 години АУЕ-ФОН

Американскиот универзитет во Европа – ФОН заедно со голем број на соработници, поддржувачи, пријатели, студенти и алумни го одбележа своето 19-годишно постоење. Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски присуствуваше на интерактивната дебата со фокус на тема за перспективите на високото образование во земјата, каде ја нагласи потребата од унапредување на образованието, следењето на трендовите и обезбедувањето на висок квалитет во образовните институции и програми.

Младите се нашата сегашност и треба да вложуваме во нив. Добрата едукација, можноста за формално и неформално образование во рамки на едукативниот процес нуди можност да ги унапредат своите знаења и вештини. Ако се надополни со пракса каде младите ќе можат да го надополнат и усовршат тоа што го знаат, тие ќе бидат подготвени да бидат лидери на промените кон подобро утре за сите – истакна Ѓоргиевски.

 

 

 

 

Извор: Национална агенција за европски образовни програми и мобилност 

Прочитајте

Карпош: Бележење на пешачки премини пред градинките и училиштата

0
За поголема безбедност во сообраќајот Општина Карпош започна акција за повторно бележење на пешачките премини пред сите основни училишта и детски градинки кои се...