spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Соопштение

МИОА: Соопштение

Во врска со отвореното прашање поврзано со склучениот договор или рамковната спогодба (19518/2021, со склучен договор на 18.03.2022) “Изнајмување на облак (Cloud) платформа за хостирање на системите на Министерството за информатичко општество и администрација”, Ве информираме дека се работи за три (3) годишен рамковен договор кој треба да заврши во 2024-та година.

Се работи за продолжување (обновување) на проект за поставување на ИТ системите во Облак платформа кој е започнат во 2019-та година, со рок на реализација од 3 години и со вредност на договорот од 38,000.000 денари. Пропорционално на вклучените сервиси и системи беше планирано продолжување на активностите од овој проект и спроведена јавна тендерска постапка.

Потребата за оваа тендерска постапка е иницирана во текот на 2021-та година, преку Отворена Јавна постапка и преку електронскиот систем за јавни набавки – во ЕСЈН. За истата има донесена одлука за избор од претходниот министер и раководството во оваа министерство. Информацијата за потребата на оваа набавка ја има усвоено Владата на РСМ, и има дадено согласност за преземање на обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење на буџетски средства во наредните 2021, 2022, 2023 и 2024-та година на Министерството за информатичко општество и администрација. Истовремено, Министерството за финансии немало забелешки по однос на предметната информација.

Потребата за користење на клауд платформа на Владино ниво е многу поголема, но поради кризата мораме да се ограничиме само на системите кои беа поставени и се важни да се надградат во следниот период. Би сакале да напоменуваме дека за овој тип на договори (тн. рамковни договори), се склучуваат на максимален одобрен износ, но реалните трошења односно плаќањата се вршат според искористените услуги и тие во најголем број на случаевите се пониски од првично потпишаниот договор.

Врз основа на претходните искуства и анализи, а со оглед на тоа што Министерството за информатичко општество и администрација НЕ располага со соодветна сопствена систем сала, оценува дека најповолно решение за продолжување со непречено работење на системите со кои управува Министерството е нивно продолжување со поставување на Облак (Cloud) платформа со три-годишен договор за хостирање.

Не-обновувањето на овој договор би значело деактивирање и нефункционирање на 15 системи со кои раководи министерството, а ги користат поголем број институции и општини. Со цел информирање за поважните хостирани системи во Облакот, и кои ги користи цел јавен сектор и населението, би ги одвоиле следниве:

  • Систем за управување со документи (ДМС), Модернизиран систем за управување со човечки ресурси (ИСУЧР – HRMIS), Платформа за електронска достава на сервиси (еСДП), Единствен национален регистар на прописи (ЕНЕР), Национален портал за е-Услуги (развојна околинa), Систем за Е-инспекторати и многу други системи со клучна важност во работењето на институциите во државата.

Овие системи вклучуваат информации и податоци од стотина илјади процеси и активности, users и тн. Со оваа набавка системите на министерството ќе бидат поставени во соодветни услови и по светски стандарди, со највисоко ниво на информациска безбедност, соодветна климатизација, физичка и мрежна заштита, противпожарна заштита, соодветен експертски кадар за одржување на хардверот и за виртуелизација, како и резервна локација за одредени критични системи.

Министерството за информатичко општество и администрација е отворена и транспарентна институција, и секогаш прифаќаме предлози и идеи кои би ги подобриле процесите се со цел подобрување на квалитетот на услугите што ги даваме на другите институции и населението на Република Северна Македонија.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте