spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМИОА: Министерот Алити на работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е....

МИОА: Министерот Алити на работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хозе Луиз Лозано Гарсија

Министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Н.Е. Хозе Луиз Лозано Гарсија.

Министерот Алити и амбасадорот Гарсија разговараа за теми поврзани со можностите за соработка, тековните проекти и предизвици, како и идните планови.

 

,,Посветени сме на развојот на професионална, одговорна, стручна и отчетна администрација, базирана на дигитализација, услужно ориентирана кон граѓаните и бизнис-заедницата, која ги исполнува меѓународните и европските вредности и стандарди за добро владеење“, истакна меѓу другото министерот Алити.

На средбата уште еднаш беше потврдена поддршката што Шпанија и ја дава на нашата држава во однос на реформските процеси и заложбите кон патот во ЕУ, за што министерот Алити изрази голема благодарност.

 

 

 

Извор: Министерство за информатичко општество и администрација

Прочитајте

АФПЗРР: Јавен повик број 02/2024

0
Од денес па до 31.05.2024 година земјоделските стопанства каде носителот е индивидуален земјоделец кој е регистриран согласно Законот за вршење на земјоделска дејност, односно...