spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Еколошка младинска акција на игралиштето „Бранители“-Волково

Ѓорче Петров: Еколошка младинска акција на игралиштето „Бранители“-Волково

Триесетина деца од училиштата „Страшо Пинџур“, „Ѓорче Петров“ и „Јоаким Крчоски“ учествуваа во еколошка акција на игралиштето „Бранители“ во Волково.

Акцијата опфати садење садници, естетско уредување на игралиштето, боење, и на крајот-расчистување на спортското игралиште. Учениците ги посети градоначалникот Александар Стојкоски кој зема активно учество во акцијата.

-Ова е одличен настан да ги насочиме учениците од најмала возраст да се грижат за објектите кои ги користат и да ја покренеме свеста дека чистата животна средина е здравје за сите. Преку вакви случувања децата заеднички делуваат во акција, се дружат, но се учат и на одговорност – рече Стојкоски.

Станува збор за општински проект насловен „Младинска акција“. Во план е во иднина ваквите проекти кои вклучуваат ученици да станат пракса.

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...