spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГрад Скопје: Започна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина

Град Скопје: Започна со реконструкција на патеките во Зоолошката градина

Екипите на ЈП “Улици и патишта” по налог на Град Скопје, денеска започнаа со реконструкција на дел на патеките во Зоолошката градина – Скопје.

Денеска екипите од ЈП „Улици и Патишта“ започнаа со отстранување на оштетените бекатон плочки, по што ќе следи асфалтирање и реконструкција на површина од околу 200 метри квадратни.

Во наредниот период Градот Скопје заедно со ЗОО Скопје, ќе продолжи со спроведување низа активности со кои ќе се подобрат условите на живеалиштата на животните, како и инфраструктурата којашто ќе овозможи подобри услови за посетителите на скопската зоолошка градина.

 

 

Извор: Град Скопје 

Прочитајте

Карпош: Разеленување со 200 нови дрвја

0
Во дворот на ООУ ,,Христијан Тодоровски-Карпош”, се засадија првите садници во рамки на акцијата за пролетно зазеленување во Општина Карпош. Оттука, започнува пролетното садење...