spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСиндикатиСАДУФПИОСРМ: Склучен Колективен договор

ФПИОСРМ: Склучен Колективен договор

На 04.04.2022 год., Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, застапуван и претставуван од в.д. директорот Дритан Беџети и репрезентативните синдикални организации на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, претставувани од претседателите, Милинко Влаховиќ и Лидија Стаменкова, склучија Колективен договор за уредување, односно доуредување на правата, обврските и одговорностите од работен однос во Фондот на ПИОСМ.

Со овој Колективен договор се уредуваат статусот, правата, обврските и одговорностите и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници и вработените кои вршат помошни – технички работи, а кои немаат статус на административни службеници во Фондот на ПИОСМ.

 

 

 

 

Извор: Фонд за пензиското и инвалидското осигурување

Прочитајте

Карпош: Прв „хотел“ за згрижување на диви пчели

0
По повод одбележување на Денот на планетета Земја во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија...