spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи со обраќање на Регионалната школа за безбедност

МНР: Османи со обраќање на Регионалната школа за безбедност

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи имаше обраќање на отворањето на регионалната школа за безбедност насловена “Хибридните закани и надворешни актери во време на воена агресија во Европа – импликации врз регионалната безбедност”, што се одржува во просториите на Министерството за надворешни работи, а во организација на Универзитетот „Св.Климент Охридски”- Битола, Фондацијата „Конрад Аденауер“ и Вилфред Мартенс Центарот за европски студии од Брисел.

 

Министерот Османи се осврна на актуелната безбедносна ситуација предизвикана од руската воена инвазија во Украина и потребата од заеднички пристап на меѓународната заедница за зачувување на европската и трансатлантската безбедност.  Воедно, истакна дека хибридните закани, нивната брзина, обем и интензитет се зголемија во последниве години за што е потребна брза реакција, со цел нивно спречување, спротивставување и санирање на можните последици.

“Во актуелното безбедносно опкружување, повеќе од кога било, евроатлантската и европската интеграција на Западен Балкан треба да се гледа како алатка за подобрување на безбедноста и консолидирање на стабилноста на регионот. Демократските вредности ќе преовладуваат доколку има политичка поддршка и заедничко дејствување на политичкиот Запад, како и солидарност со оние кои ги прифаќаат истите вредности и ги бранат без компромис. Ова е причина повеќе за вградување на нова динамика во европската и евроатлантската интеграција на Западен Балкан” порача Османи.

Пред присутните студенти и професори од Северна Македонија, Бугарија и Србија се обратија и Н.Е. Анке Холштајн, амбасадор на Сојузна Република Германија во Северна Македонија Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер, професор Марјан Ѓуровски, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Катерина Јакимовска од Центар за европски студии Вилфрид Мартенс, Брисел.

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...