spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМЗ: Министерот Сали со обраќање на настан од ДУТ во Тетово

МЗ: Министерот Сали со обраќање на настан од ДУТ во Тетово

Министерот за здравство Беким Сали во рамки на активностите за одбележување на 7 април – Светски ден на здравјето имаше свое обраќање на настанот организиран од ДУТ во Тетово.

-Во насока на стручно доусовршување и надградба на кадарот – првпат тука на Државниот универзитет во Тетово воведуваме нова Програма за специјализација по семејна медицина. Ова е долгорочна инвестиција, од која ќе произлезат стручни кадри во оваа специјалност, изјави Сали.Исто така, тој додаде дека иноцирано е проширување на дејноста на Клиничка болница – Тетово за вршење специјалистичко – консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на градната хирургија, како и проширување на дејноста на оваа установа за спроведување специјалистичко – консултативна здравствена заштита на секундарно ниво од областа нуклеарна медицина.

– Паралелно на овие новини, заедно со менаџментот на Тетовската клиничка болница работиме на изнаоѓање можности за просторно проширување, за санирање и зајакнување на капацитетот на објектот, како и за проширување на медицинскиот тим за задоволување на здравствените потреби на населението од овој регион, посочи министерот Сали на крајот од своето обраќање.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за здравство

Прочитајте

Центар: Герасимовски – Граѓаните да не си ги трошат парите на...

0
Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор...