Општина Ѓорче Петров почна со активности за расчистување на постоечката и формирање нова каналска мрежа во делот на Стопански Двор кон Ново Село за одводнување на површинските води.
На одредени локации ќе биде поставена и дренажа со цел одводнување. На терен заедно ќе делуваат екипи на А.Д. Водостопанство и општина Ѓорче Петров, а во насока на решавање на овој децениски проблем.
Апелираме на одговорно однесување од месното население кон каналската мрежа, да не се ставаат препреки и да не се одлага отпад.
Извор: Општина Ѓорче Петров