spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Започна изградбата на првиот голем мултифункционален парк во Триангла

Гази Баба: Започна изградбата на првиот голем мултифункционален парк во Триангла

Денес, градоначалникот Бобан Стефковски го означи почеток на изградбата на првиот голем мултифункционален парк кој ќе биде на површина од 2000 м2 во н .Триангла.

Паркот се гради помеѓу пешачката патека и ООУ „Наум Нумовски Борче“ во чии рамки ќе има повеќе содржини, комплетно хортикултурно уредување, ќе се изградат патеки со павер елементи, ќе се постави ново улично осветлување, летниковец и повеќефункционална фонтана.

На овој простор ќе бидат поставени и повеќе реквизити за детска забава, додека на едниот дел од паркот ќе се направи и парк за миленичиња.

 

Со изградбата на мултифункционалниот парк ќе се изврши урбанизација на овој простор кој во минатото често служеше за депонирање отпад.

Гази Баба ќе добие нов уреден простор за одмор и рекреација за жителите од сите генерации.

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Град Скопје активно работи за спречување и намалување на меѓуврсничкото насилство во градските средни училишта, а дел од активностите опфаќа и делувањето на координаторите...