spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСтатииПлати во Јавниот сектор - Образование

Плати во Јавниот сектор – Образование

Почитувани граѓани, и вработени во администрацијата и јавниот сектор,

Деновиве актуелна тема во Македонија се платите на администрација и јавниот сектор, дали да се зголемат или не…?

Тимот на Javnaadministracija.mk својот став и преку факти за целата ситуација ќе ја прикаже преку оваа статија.

Согласно Извештајот од Регистарот на вработените во јавниот сектор за 2020 година на Министерството за информатичко општество и администрација,

Во Јавниот сектор – Образование во Македонија официјално имаме 35.740 вработени. 

За просечната плата на овие вработени  официјален податок немаме, но неофицијално таа изнесува од 21.000 денари до 24.000 денари.

 

Согласно синдикатите во Македонија и самите вработени во администрацијата, тие бараат колку се зголемува минималната плата, толку да се зголеми нивната плата, односно 20% или 3000 денари.

Па согласно горенаведеното, ако земеме дека тоа би изнесувало по вработен во администрацијата  27.000 денари нето просечна плата, што не е толку, државната каса во Македонија би ја чинело околу  16 милиони евра месечно или 193 милиони евра годишно на буџет од 4.5 милијарди евра.

Тоа изнесува САМО околу над 4 % од буџет на Македонија за вработените во Јавниот сектор – Образование. 

Притоа од таа плата што ја земаат вработените во целата државна администрација 70% до 75 % ја даваат и ја користат во приватниот сектор, дали за основни или  дополнителни потреби (Сметки за својот дом, Кредит во Банка, Храна, Образование и Спортски активности, Нафта, Одмори, Инвестии за решавање на место за живеење …итн) 

ПЛАТИТЕ во Јавниот сектор треба да се зголемат, но и  ТРЕБА да се има метод и системски начин како тоа да се направи, ЗА СЕГА  но и за ПОНАТАМУ…

Тимот на Javnaadmistracija.mk во следната статија ќе напише и за ПЛАТИТЕ во останатите дејности во Јавниот сектор – Очекувајте не и  борете се за вашите Права и Плати, ОД ВАС ЗАВИСИ.

 

Извор: Javnaadministracija.mk

Прочитајте

Карпош: Наставниците ќе ја зајакнуваат Сујбер Безбедност

0
Во рамки на основните училишта „Братство“, „Војдан Чернодрински“ и „Аврам Писевски“ од 15-ти до 17-ти април се одржа обука, на која активно учествуваа 47...