spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЃорче Петров: Активности за формирање нова каналска мрежа Стопански Двор-Ново Село

Ѓорче Петров: Активности за формирање нова каналска мрежа Стопански Двор-Ново Село

Општина Ѓорче Петров почна со активности за расчистување на постоечката и формирање нова каналска мрежа во делот на Стопански Двор кон Ново Село за одводнување на површинските води.

На одредени локации ќе биде поставена и дренажа со цел одводнување. На терен заедно ќе делуваат екипи на А.Д. Водостопанство и општина Ѓорче Петров, а во насока на решавање на овој децениски проблем.

Апелираме на одговорно однесување од месното население кон каналската мрежа, да не се ставаат препреки и да не се одлага отпад.

 

 

 

 

Извор: Општина Ѓорче Петров

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација...