spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeМинистерстваМНР: Османи на средба со Галовеј

МНР: Османи на средба со Галовеј

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес, оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Скопје, г-ѓа Рејчел Галовеј.

Двајцата соговорници ги поздравија одличните билатерални односи кои постојат меѓу двете пријателски земји, при што министерот Османи се заблагодари за активниот ангажман и посветеноста на Обединетото Кралство за одржување на стабилноста и економскиотпросперитет на Западниот Балкан.

На средбата беа разменети мислења за ризиците од пошироки импликации на кризата, како и ургентноста од поблиска соработка меѓу Европската Унија и НАТО за сочувување на безбедноста на европско тло.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за надворешни работи 

Прочитајте

Мицкоски: Секогаш кога ќе се помине црвената линија ќе реагираме, денеска...

0
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, во врска со непоставувањето на македонското знаме во Бугарија, изјави „во...